Достапни линкови

Талибанците одговорни за нападот на индиската амбасада во Кабул


Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот кој утрова се случи во близина на индиската амбасада во Кабул , во кој загинаа 17 а повредени се 70 луѓе. Талибанците изјавиле дека амбасадата им била целта. Во ексползијата на автомобилот-бомба биле повредени и 15 цивили и 2 полицајци. Индиската амбасада беше цел и во јули минатата година , кога талибански бомбаш самоубиец уби 58 луѓе, меѓу кои и двајца индиски дипломати, а ранети околу 140 други.

XS
SM
MD
LG