Достапни линкови

logo-print

Споменик за децата бегалци на Меџитлија?


Битола

Битола

На граничниот премин Меџитлија ќе се гради нов споменик. Иако од власта не потврдуваат, според информации на советниците од опозицијата во битолската општина станува збор за споменик посветен на децата бегалци од Егејска Македонија. Во услови на криза потребен ли е уште еден споменик?

Битолчани не дознаа каков споменичен комплекс ќе се гради на површина од 100 илјади квадратни метри во близина на македонско-грчката граница кај Меџитлија иако одлуката на редовна седница ја донесе општинскиот Совет. Според информации на опозицијата се работи за спомен обележје посветено на децата бегалци кое ќе го финансира Владата. Велат не е во ред да од јавноста да се крие за што ќе се трошат парите на граѓаните.
Информацијата дека ќе биде во спомен на децата бегалци од Егејска Македонија никој од советниците на мнозинството ниту го потврди, ниту го отфрли. Без доволно информации опозицијата не сакаше да учествува ниту да гласа за ваквата одлука


,,Во тој комплекс треба да се изгради спомен соба, амфитеатар и црква, но никој не кажува или нема храборост да каже во чија чест ќе биде изграден овој комплекс. Информацијата дека ќе биде во спомен на децата бегалци од Егејска Македонија никој од советниците на мнозинството ниту го потврди, ниту го отфрли. Без доволно информации опозицијата не сакаше да учествува ниту да гласа за ваквата одлука."

изјави Валентин Груевски, советник од ЛДП.Ни претседателката на Советот, Лилјана Кузмановска, не кажа јавно што точно ќе се гради во близина на Меџитлија. Прво најави дека ова е проект на Владата.

,,Па, немаме ние таква информација дали ќе биде во чест на децата бегалци, но добивме информација дека ќе биде некој споменичен комплекс во кој ни беа наведени кои објекти тука ќе се градат. Не е издиференцирано дали ќе биде споменик и од каков вид."

,,Значи ова беше на предлог на Владата што требаше да го усвои советот?"

,,Да, па ова беше втора постапка."

изјави Кузмановска. Но, премиерот Никола Груевски излезе со друго тврдење. „Не знам тоа е во ингеренција на општината. Сепак,
Па, немаме ние таква информација дали ќе биде во чест на децата бегалци, но добивме информација дека ќе биде некој споменичен комплекс
треба да се распрашате во општина Битола“, рече премиерот. По ова Кузмановска ретерираше во ставот.

,,Може сме дошле во дилема дали е Владата, има различни тумачења. Но, ние не навлегуваме секогаш во суштината кој е. Нарачател е подносителот на барањето. Јас тоа не можам сега да ви го кажам можете да го видите во одделението. Ние досега никоагш не сме ги кажувале подносителите на барањата."

изјави Кузмановска. Ваквата реторика на нозе ја стана опозицијата која смета дека во услови на економска криза не е време за нови споменични инвестиции. Велат власта размислува за нови споменици, додека оној на Филип Втори една година чека во дворот на општината да дојава до плоштадот Магнолија. Колку пати се потрошија за него, исто така остана тајност.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG