Достапни линкови

Во светот живеат 1,5 милијарди муслимани


Во најновиот извештај на непрофитната организација Пју Форум за религија и јавен живот се наведува дека милијарда и 570 милиони од светската популација се муслимани. Тоа значи дека секој четвртти жител на Планетата е муслиман, се прецизира во извештајот кој бил направен врз основа на демографски податоци и пописи на населението во 232 земји и територии во светот. Претходните проценки беа дека бројот на муслманите е меѓу милијарда и милијарда и 800 милиони. Со тоа Исламот е втората најголема религија во светот, по Христијантсвото со 2 милијарди и 200 милиони верници.
XS
SM
MD
LG