Достапни линкови

Хотел Палас во Охрид пропаѓа


Охрид

Охрид

Хотелот Палас еден од со децении најубавите објекти во државава, препознатлиовиот симбол на Охрид со богата историја и традиција, кој шест децении е сместен во центарот на градот на самиот езерски кеј, повеќе години е со затворени врати, опкружен со високи огради, обраснат во коров, со многу смет, исфрлени шишиња во дворот, целиот руиниран и оставен да пропаѓа.

Хотелот Палас еден од со децении најубавите објекти во државава, препознатлиовиот симбол на Охрид со богата историја и традиција, кој шест децении е сместен во центарот на градот на самиот езерски кеј, повеќе години е со затворени врати, опкружен со високи огради, обраснат во коров, со многу смет, исфрлени шишиња во дворот, целиот руиниран и оставен да пропаѓа. Овој некогаш елитен хотелски бренд на Охрид сврталиште на најзначајните гости и градски настани, по приватизацијата во 2001 година оставен е на забот на времето, без никаква грижа на сопствениците, меѓу кои е и групацијата МБ на Свето Јаневски. Откако го купија заедно со уште неколку крупни туристички објекти на ривиерата, газдите ги избркаа вработените, ставија катанец на хотелот, ниту го работат, ниту нешто градат, ниту го продаваат. Како причина за неангажманот на сопствениците околу Палас, често се спомнуваа нерешените имотно-правни односи на земјиштето пред хотелот, како предмет на денационализација. И додека пред неколку години имот од 300 метри квадратни овде му се врати на семејството Руменови, земјиштето веднаш до него од 500 метри квадратни, веќе осум години не им се враќа на наследниците на некогашниот хотел Турист сопственост на Охридското семејство Доко.

,,Од една страна мислам дека се работи за обесправеност врз национална основа, а овде се работи најверојатно и за нечии коруптивни зделки, барем засега замисли, дали и колку ќе се остварат не знам, ниту сакам да навлегувам. Но факт е дека хотелот Палас е купен пред неколку години од одредена група луѓе и не можам, а да не помислам дека долго време тие луѓе го кочат сето ова, затоа што сакаат ова атрактивно земјиште да им припадне ним. Јас не можам поинаку да го протолкувам ова, уште повеќе бидејќи едно семејство си го реши проблемот, на истото место и истата катастарска парцела, се е исто, а за нас не може да се реши."

Револтирано објаснува еден од наследниците на национализираниот хотел Турист, Орхан Зекир,кој вели дека неправдата сега се повторува, за што тој бара одговор за блокираната денационализација од државата за објектот кој неговиот дедо го купил за 500 златни наполеони,а од него пред шест децении на улица била избрката баба му со седум деца.

,,Јас би им се обратил на министерот Ставрески, како директен претпоставен на комисиите за денационализација и на премиерот Груевски, кој во секој негов говор наведува дека е премиер на сите граѓани на Македонија и дека ќе им помогне на сите граѓани без оглед на нивниот пол,раса,вера и нација, нека ми помогне.Јас искрено сакам да верувам во оваа држава. Мене ми е дегутантно да помислам дека своите права наместо да ги барам во мојата држава и таа да ги решава, нив да ги барам по меѓународни судови."

Вели Зекир. Од министерството за финансии не информираа дека за овој предмет комисијата за денационализација од Охрид ќе решавала набргу, но нејасно е зошто тој досега не е решен. Останува да се види епилогот од овој случај, чија атрактивност е огромна поради баснословната цена на просторот, кој има третман на неизградено градежно земјиште, каде е планирана изградба на елитен хотел. Во првата зона до езерото, каде еден метар квадратен станбен простор чини 1.500 евра, апсурдно е зошто газдите на Палас, го оставија хотелот да пропаѓа пред очите на сите, на штета на градот, туризмот и државата.
XS
SM
MD
LG