Достапни линкови

Состанок за решавање на спорот со Нагорно Карабах


Лидерите на Азербејџан и на Ерменија Илхам Алиев и Серџ Саркисијан денеска, како што е најавено, би требало да разговараат за решавање на неколкугодишниот спор околу Нагорно Карабах, ерменска енклава во Азербејџан. Нивниот состанок треба да се одржи во главниот град на Молдавија, Кишињев каде што утре почнува самитот на Заедницата на независни држави. Инаку, се очекува в сабота во Женева да биде поштпишан договор за обновување на односите меѓу Ерменија и Турција, прекинати откако Турција го поддржа Азербејџан во конфликтот околу Нагорно Карабах.
XS
SM
MD
LG