Достапни линкови

БиХ: секој на своја страна


Ден пред утрешниот состанок што со лидерите на водечките партии во Босна и Херцеговина го свикаа Европската унија и американската администрација, се чини дека ставовите на политичарите и натаму се дијаметрално спротивставени и оти нема да има договор.

Осумтемина партиски лидери кои се повикани на разговор за идното уредување на државата не се откажуваат од досегашните принципи. И натаму едните се залагаат за јакнење на државните институции, а другите за опстанок на Република Српска. Меѓу оние кои се за јакнење на државните институции е и претседателот на Странката за демократска акција Сулејман Тихиќ. Според него, состанокот нема да ги реши сите проблеми, но може да биде добар поттик за пресврт и позитивна атмосфера. Сепак, оваа партија, како што вели Тихиќ, нешто нема да прифати:

,,СДА никогаш нема да се согласи на некаква конфедерација или федерација. Ние можеме да одиме само напред во однос на постигнатите решенија во Дејтонската спогодба.,,

Разгледница од базата Бутмир
За разлика од Тихиќ, претседателот на Хрватската демократска заедница во Босна и Херцеговина Драган Човиќ вели дека не е оптимист оти партиските лидери ќе се договорот за идното уредување на земјата, бидејќи тоа не го сториле и во изминатите четири години. Човиќ додава дека најмногу би сакал на состанокот да се разговара за европската иднина на Босна.

,,Не гледам никаква пречка зошто Босна и Херцеговина до крајот на годинава не би дошла до статусот кандидат кога е во прашање Европската унија. Зошто до крајот на идната година да не биде примена во НАТО. Ако предуслов за тоа се компромисните решенија тогаш ние сме подготвени за нив.,,
СДА никогаш нема да се согласи на некаква конфедерација или федерација. Ние можеме да одиме само напред во однос на постигнатите решенија во Дејтонската спогодба...

Вели Човиќ. Во Сојузот на независните социјалдемократи немаат ништо против прашањето за човековите права, кога се работи за малцинствата, да биде вметнато во идните уставни решенија. Сепак, како што вели генералниот секретар Рајко Васиќ, неговата партија не е за уставна промена со која Советот на миниситри ќе стане влада на Босна и Херцеговина.

,,Симптоматично е што тоа се бара токму сега кога е јасно дека осум години Република Српска не ќе може да даде претседател на Советот на министри.,,

На состанокот закажан за 9 октомври во Бутмир, поканети и се некои опозициони партии. Меѓу нив и партијата за демократски прогрес чиј потпретседател Слободан Наградиќ вели:

,,Сметаме дека во овој историски и политички момент е најдобро Босна и Херцеговина да остане со двоентитеско уредување, и во тие рамки да се најдат некои формулации за некои уставни решенија.,,

За опозиционите социјалдемократи пак, најважно е да се разговара за суштинските промени во Уставот преку кои, според нив, единствено е можно поефикасно функционирање на државата. И покрај некои медиумски шпекулации за содржината на документот што претставниците на американската админситарција и на Европската унија ќе им го понудат на партиските лидери никој од нив, како што велат, не се запознати со него.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG