Достапни линкови

logo-print

Клинтон: Русија да ги најде убијците на Политковска


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон упати критика до Русија поради тоа што ни по три години не ги нашла и осудила убијците на новинарката Ана Политковска. Клинтон во синоќешното соопштение истакнува дека неуспехот во изведувањето пред лицето на правдата на убијците на новинарката ги поткопува напорите за јакнење на владеењето на правото, за зголемување на одговорноста на власта и за намалување на корупцијата. Вчера во Москва, на тригодишнината од убиството на Политковска, неколку стотици луѓе бараа од властите да ги најдат и да ги казнат нејзините убијци.
XS
SM
MD
LG