Достапни линкови

Стотици луѓе и одадоа почит на Политковскаја


Стотици луѓе протестираа денес во Москва да ја одбележат третата годишнина од убиството на руската новинарка Ана Политковскаја, повикувајќи ги властите да ги најдат и да ги казни убијците на новинари и на активисти за човекови права. Некои од руските најпознатите активисти за човекови права и опозициските лидери учествуваа на митингот, кој почна со минута молчење . Политковскаја беше застрелана во нејзиниот стан пред три години. Таа беше остар критичар на Кремљ и пишуваше за прекршувањата на човековите права и за корупцијата во Чеченија. Ниту претседателот Дмитриј Медведев, ниту премиерот Владимир Путин , кој беше претседател кога Политковскаја беше убиена, не се осврна на нејзината смрт
XS
SM
MD
LG