Достапни линкови

Фишер:Чешка ќе го ратификува Лисабонскиот договор наскоро


Чешкиот премиер Јан Фишер вели дека неговата земја конечно ќе го ратификува Лисабонскиот реформски договор на ЕУ, најверојатно до крајот на годинава. По разговорите со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и со шведскиот премиер Фридрих Реинфелд, Фишер изјавил : "Нема причина за загриженост во Европа. Во Чешка, не се разговара за тоа дали ќе се прифати или нема да се прифати договорот, туку КОГА ќе се прифати. Чешки претседател Вацлав Клаус, кој се противи на спогодбата, вели дека чека на Уставниот суд да види дали договорот е во согласност со уставот на неговата земја.


XS
SM
MD
LG