Достапни линкови

Во Непал , 34 загинати при лизгање на земјиште


При лизгање на земјиште во западен Непал, предизвикано од поројните дождови, загинале најмалку 34 луѓе, соопштуваат тамошните власти. Областа во која се случила несреќата се наоѓа на 775 километри западно од престолнината Катманду. Западниот дел на Непал е парализиран и отсечен од земјата, поради дождовите кои непрекинато врнат четири дена.

XS
SM
MD
LG