Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад: Разговорите во Женева „чекор напред“


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги опиша како "чекор напред", разговорите кои минатата недела во Женева ги водеше Иран со претставници на шест светски сили вклучувајќи ги и САД. Тие разговараа за контроверзната нуклеарна програма на Техеран. Официјалните медиуми ја цитираат изјавата на Ахмадинеџат, кој вели дека Иран очекува "конструктивна соработка за решавање на сите важни глобални проблеми." Вчера американски официјални претставници изјавија дека Вашингтон и неговите сојузници се подготвени да воведат посилни санкции врз Иран, ако се оправдаат стравувањата дека Техеран изработува нуклеарно оружје. Иран објаснува дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG