Достапни линкови

Уапсен еден од осомничените за геноцидот во Руанда


Полицијата во Уганда соопшти дека го уапсила Иделфонсо Низеиман, еден од најбараните осомничени за геноцидот во Руанда во 1994-та година, кога беа убиени околу 800 илјади припадници на племето Тутси. Уапсениот е предаден на Меѓународниот кривичен суд за Руанда, во Танзанија, каде што ќе му биде судено за геноцид и злосторства против човештвото.
XS
SM
MD
LG