Достапни линкови

Новата грчка влада денеска положува заклетва


Новиот грчки премиер Јоргос Папандреу го објави составот на новата Влада, која денеска треба да положи заклетва. Поранешниот шеф на грчката дипломатија Теодорос Пангалос сега ќе ја извршува функцијата вице-премиер, министер за економија ќе биде Лука Кацели, а за финансии европратеникот Јоргос Папаконстантину. Евангелос Венизелос ќе биде министер за одбрана, а Тина Бирбили за животна средина, енергетика и климатски промени. Папандреу ќе ја извршува и функцијата министер за надворешни работи. Новата грчка Влада ќе има 16 члена, од кои пет се жени.
XS
SM
MD
LG