Достапни линкови

Закажан почетокот на судењето на Џон Демјањук


Судењето на Џон Демјањук, кој е обвинет дека во Втората светска војна учествувал во убиството на илјадници луѓе во нацистичкиот логор на смрта Собибор во Полска, ќе започне на 30-ти ноември. Обвинетиот Демјањук вели дека е невин, бидејќи тој во логорот работел како чувар и не учествувал во убиствата. Тој сега има 89 години, а допатува во Минхен каде ќе се држи судењето, отакако не успеа да го убеди судот да не го депортира од Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG