Достапни линкови

Старо Нагоричино се стреми кон туристички развој


Во општината Старо Нагоричино се наоѓаат 13 туристички дестинации и културно историски споменици, меѓу кои мегалитската опсерваторија Кокино и Меморијалниот центар АСНОМ, мотив поради кои локалната власт започнува да работи на развој на туризмот во општината.

Мегалитската опсерваторија Кокино, Меморијалниот центар АСНОМ, црквите Свети Ѓорѓи, Св. Ѓорѓи Победоносец, Св.Петка, манастирите Забел и Карпино, Костоперската карпа, споменикот Зебрњак, пештерата на пророкот Св.Прохор Пчињски, Светиот Даб, Сув Орах и геотермалниот извор бањата Стрновац, се 13-те туристички дестинации сместени во каталогот на културното наследство и природните ресурси во Општината Старо Нагоричино. Отпечатен на неколку јазици, а промовиран пред надлежни во државава и странски претставници, меѓу кои и од Европската унија го означи почетокот на интензивните заложби за економски и туристички развој на оваа мала и економски неразвиена локална самоуправа.

,,Во прв момент можеме да с епофалиме со комплексот Етно село. А нашите вредности веќе се препознаени од Европската комисија за култура која додели 836 илјади евра за реконструкција на црквата Св.Ѓорѓи."
Пријатели на општината, врвни стручњаци од геотермијата, екологијата и аграрот, како и тим од експерти од трите држави ќе работат заедно за регионален развој на туризмот


Вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ. Тој додава дека со градоначалниците на Врање од Србија и на Ќустендил од Бугарија од соседните две држави, потпишале меморандум за соработка и за заедничките заложби за развој на овој економски неразвиен регион во југоисточна Европа.

,,Пријатели на општината, врвни стручњаци од геотермијата, екологијата и аграрот, како и тим од експерти од трите држави ќе работат заедно за регионален развој на туризмот."

Смета Јовановиќ. Старо Нагоричино е со околу пет илјади жители на територија од 452 километри квадратни,што укажува дека голем простор е ненаселен,особено поради миграциите во изминатиот период. Затоа:

,,Се работи на развојот на инфраструктурата, подобрување на животот на населението кое останало,но и на она кое за викендите доаѓа.Ова сеуште е здрава средина и има повеќе барања за градење викендици и отворање ресторани во етнои стил."

Јовановиќ вели и дека се јавуваат заинтересирани бизнисмени за отворање мали еколошки производствени погони.
Татајана Перовиќ Митрова генерален секретар во Стопанската комора за туризам вели дека е интересно што на мал простор постојат 13 дестинации кои заслужуваат внимание од домашните и странските туристи и тур оператори.

,,Ова е основа туристичките работници и тур операторите од земјава и од странство да ја стават оваа општина во своите програми и агенди."

Со тоа полека, но сигурно овој одамна заборавен и запоставен културно и природно богат Жиглиговски крај ќе си го врати некогашниот живот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG