Достапни линкови

Израелски ловци пресретнале авион над нуклерниот центар


Израелски ловци пресретнале денеска патнички авион, кој недозволено прелетал над локацијата каде се наоѓа нуклеарниот центар Димон, на југот на Израел, соопштила израелската полиција. На пилотите им било наложено да го приземјат авионот, а потоа пилотите им биле предадени на цивилните власти на испитување. Израелските медиуми пренеле дека пилотите се изгубиле, но полицијата уште не го потврдила тоа. Прелетувањето над реакторот Димон е забрането. Изрел инаку негира дека има нуклеарно оружје, тие објаснуваат дека во Димон има центар за истражување.

XS
SM
MD
LG