Достапни линкови

СЗО: Вакцината е најефикасно средство против новиот грип


Вакцинацијата е најдобар начин за заштита на луѓето од новиот грип и покрај податоците дека во Кина, вакцините предизвикале мали несакани ефекти, соопшти Светската здравствена организација. Во Кина се вакцинирани 39 илјади луѓе од кои четворица се пожалиле на главоболка и грчеви во мускулите. Од СЗО велат дека несаканите ефекти можат да се очекуваат особено кога се вакцинираат поголем број луѓе. Масовна вакцинација наскоро ќе започне и во Австралија, во САД и во некои делови на Европа , а СЗО ги охрабрува луѓето да се вакцинираат.

XS
SM
MD
LG