Достапни линкови

Произведувачите на нафта не разговарале за смена на доларот


Големите произведувачи на нафта, ги негираат пишувањата на британските весници, кои известуваа дека арапските држави одржауваа тајни преговори да го заменат доларот, како валута за цената на нафтата. Вредноста на доларот падна откако „Индепендант“ објави дека арабиските држави одржааа тајни преговори со Русија, Кина, Јапонија, и Франција. Предлогот е постепено да се оди кон кошница во која ќе бидат вклучени сите валути. Но политичарите од Саудиска Арабија, Русија, Кувајт , денеска негираа дека имало такви разговори.


XS
SM
MD
LG