Достапни линкови

Македонија на дното по животниот стандард


Улица Македонија
Улица Македонија

Живот со ниска плата што ги покрива само основните потреби. Секојдневие за многумина македонски граѓани кои според ранг листата на ОН за животниот стандард се наоѓаат на дното во регионот.

Граѓаните не се задоволни од квалитетот на својот живот. Не се ниту оптимисти дека тој ќе се подобри, доколку земјава стане членка на НАТО и ЕУ. Моментално на листата која ја објави програмата за развој на Обединетите нации Македонија се наоѓа на 72 место,
Тоа е и резултат на процесот на глобализација, на една општа политика која Македонија ја води денес. Особено кај мнозинството од населението ставено на маргините на животот со ниска плата што ги покрива само основните потреби
според животниот стандард, образованието и општествениот живот. Подобро рангирани од нас се сите балкански земји, освен Босна и Херцеговина која е на 76 место. Граѓаните велат животот е се потежок.

„Тонеме се повеќе. Секој си бара да си земе свој дел од колачот. Ние одиме мизерно по улиците.“
„Се е скапо, тежок е овој живот, не може ни пипер да купиш ни зимница да направиш.“
„Зависи кој како се снашол, мислам дека не се живее многу добро.“

Картонски куќи во Скопје
Но тие се песимисти и дека животот ќе се подобри со влезот во НАТО и ЕУ, барем не очекуваат дека тоа ќе се случи веднаш откако ќе станеме нивни членки.

„Како подобрување!? Толку сме заостанати. Преку ноќ ништо не се прави.“
„Не сметам дека битно ќе се подобри, но сум за влез во НАТО и ЕУ.“

Во последниве петнаесетина години во Макеедонија владее расположение, особено кај повозрасните дека земјава никогаш нема да го достигне животниот стандард, кој го имало пред деведесетите години вели социологот Илија Ацевски.

„Тоа е и резултат на процесот на глобализација, на една општа политика која Македонија ја води денес. Особено кај мнозинството од населението ставено на маргините на животот со ниска плата што ги покрива само основните потреби.“

На листата на ОН се рангирани 182 земји. На првото место се наоѓа Норвешка, па потоа Австралија и Исланд. Додека пак најлошо се живее е во Нигерија, Авганистан и Сиера Леоне.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG