Достапни линкови

Ребалансот пред пратениците


Собраниската сала
Собраниската сала

Предлогот за намалување на буџетот за годинава од 80 милиони евра денеска во Собранието. Опозицијата и понатаму обвинува дека непродуктивните трошоци останале, за власта кратењето е доволно за излез од кризата

Предлог ребалансот на овогодинешниот Буџет денеска се најде пред пратениците во рамките на 75 собраниска седница. По разгледувањето на предлогот во Комисијата за финансирање буџет, опозицијата и понатаму забележува дека ребалансот е полн со
За жал, предлогот кој денеска доаѓа прво е многу задоцнет, второ воопшто не е доволен и не кореспондира со реалноста.
непродуктивни трошоци. Од владеачката коалиција, пак, велат дека буџетот овој пат ќе го издржи притисокот на кризата.

Пратеникот на СДСМ Андреј Петров вели дека власта не ги прифатила главните забелешки на опозицијата:
Андреј Петров потпретседател на СДСМ

„За жал, предлогот кој денеска доаѓа прво е многу задоцнет, второ воопшто не е доволен и не кореспондира со реалноста.“

Петров вели дека последниот ребаланс е полн со непродуктивни трошоци, создадени, меѓу другото, од ненадејната „културна револуција“ во земјава

„Непродуктивни трошења се трошења за работи, ако гледате дека сеуште имате позиции со кои се плаќа така наречената инстант културна револуција во земјава, за разни споменици, голем број договорни услуги. Сето тоа се работи кој еден нормален буџет не може да ги издржи.“
По образложението на Министерот за финансии и владата, со кратењето на буџетот од 80 милиони евра сепак ние ќе ја издржиме ситуацијата во економската сфера и се надеваме на подобра ситуација во иднина


За претставници од владеачката коалиција ребалансот е прифатлив. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Тахир Хани вели дека буџетот е соодветно прилагоден за да и се спротистави на кризата

„По образложението на Министерот за финансии и владата, со кратењето на буџетот од 80 милиони евра сепак ние ќе ја издржиме ситуацијата во економската сфера и се надеваме на подобра ситуација во иднина.“

Тахир Кани пратеник на ДУИ
Хани додава дека таканаречени непродуктивни трошоци се карактеристични за секој буџет, напоменувајки дека токму тие трошоци се скратени со ребалансот

„Секој буџет има такви ставки и во овој буџет претежно во тие ставки има намалување на средствата.“

Согласно вториот ребаланс годинава, Буџетот се намалува за 80-тина милиони евра. Дефицитот останува на проектираните 2,8%, или во апсолутна бројка речиси 180 милиони евра. Наместо економски раст, власта предвидува пад од 0,6% проценти до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG