Достапни линкови

ООН: повик до сите страни на Косово на воздржаност


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун во редовниот извештај за УНМИК ги повикува сите страни во Косово да покажат воздржаност и конструктивно да ги решаваат меѓуетничките проблеми. Според Бан, сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите во идниот месец треба да ја избегнуваат реториката на подбуцнување. Во документот, меѓу другото, се укажува дека состојбата во северниот дел на Косово и натаму е напната.
XS
SM
MD
LG