Достапни линкови

logo-print

Министерски состанок за европската иднина на Балканот


Денеска во Будимпешта се одржува неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група - Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, земјите идни претседавачи во Европската Унија - Белгија и Шпанија, како и земјите од Балканот - Македонија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. На состанокот ќе учествува македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Од министерството соопштија дека состанокот е во функција на обезбедување навремена поддршка за забрзана евро-интеграција на земјите од Балканот.
XS
SM
MD
LG