Достапни линкови

Северна Кореја ги рестартира нуклеарните погони?


Севернокорејските власти ги рестартираат нуклеарните погони кои беа затворени по склучувањето на договорот за нуклеарно разоружување, јавија јужнокорејските медиуми. Јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на извори од разузнавачките служби, соопшти дека властите во Северна Кореја ја спроведуваат финалната фаза за повторно пуштање во употреба на нуклеарниот комплекс Јонгбјон. Преговорите во рамките на Обединетите Нации за нуклеарно разоружување на Северна Кореја беа прекинати во април годинава.
XS
SM
MD
LG