Достапни линкови

Офицерскиот дом во Битола празен


Macedonia - Oficerski dom, Bitola, undated
Macedonia - Oficerski dom, Bitola, undated

Во Офицерскиот дом во Битола, ништо не се менува, освен сопствениците. Тој и натаму останува празен, а надлежните најавуваат мерки за враќање на стариот сјај, но и нова промена на сопственикот.

Офицерскиот дом во Битола, или како што денес се нарекува Домот на АРМ, досега смени неколку газди, а сепак остана празен. Ова Е најрепрезентативниот објект на битолски Широк Сокак, барем кога станува збор за архитектонските и естетските вредности на градбата. Но, веќе неколку години зградата е во темница, а дворот обраснат со високи треви. Прво беше во сопственсот на АРМ, но
Пред неколку недели разговараме за тој проблем на седница на Влада. Домот сега е во сопственсот на Министерството за култура. Јас разговарав со министерката, запознати се и другите мои колеги во Владата. Точно е тоа јас ќе побарам враќање на Домот на АРМ во сопственост на Министерството за одбрана
армијата се откажа од него, па сопственсота ја презеде Министерството за култура, кое извесен прериод го имаше дадено под наем на приватник.

Сега повторно газда на Офицерскиот дом е Министерството за култура, но во него не се изведуваат никакви културни активности. Освен што повремено го користеа актерите од турскиот филм „Збогум Румелија“, остатокот од времето домот го минува под клуч. Сакајќи на Офицерски да му се врати стариот сјај и да добие соодветна намена, министерот за одбрана, Зоран Коњановски, кој е биточанец, побара враќање на домот во сопственост на Министерството за одбрана.

,,Пред неколку недели разговараме за тој проблем на седница на Влада. Домот сега е во сопственсот на Министерството за култура. Јас разговарав со министерката, запознати се и другите мои колеги во Владата. Точно е тоа јас ќе побарам враќање на Домот на АРМ во сопственост на Министерството за одбрана. Понатаму со градоначалникот на Битола или можеби со други министри ќе видиме каков проект најмногу му прилега. Навистина жалосно е еден објект, кој носи дел од историјата на Битола, кој го краси Широк Сокак, да се наоѓа во таква состојба. Треба да се оформи еден добар прокет за да го зачуваме објектот и да има силна содржина и порака во него,"

изјави Коњановски.

Историјата на Офицерскиот дом започнува во 1911 година кога го гради управникот на битолскиот вилает, Абдул Керим-паша. Претставува синтеза на палата и тврдина зашто планирал да му служи за свечени приеми, одмор, забава и одбрана. За време на конзулите тука се одржувале балови. Градбата носи печат на оригиналност и неповторливост. Тоа чувство го даваат еркерните балкони, нивното совпаѓање со покривната стреа, надвишувањето на четирите кули, разно моделирани прозорци, пространи тараси, обиколеноста со простран парк итн.

Ова било свртилиште на турската, српската, бугарската, југословенската, па и македонската војска. Тука некогаш вратата се отворала само за генерали и офицери. Тука е сочувана единствената сала за балови во градот, како и луксузникот лустер од скопскиот Офицерски дом, кој беше урнат во земјотресот 1963 година. Тука престојувале Тито, Демирел, Kарпов, но богатата историја и традиција денес стои позади затворените врати.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG