Достапни линкови

Лавров:Потребно е финализирање на договорот за помош на Иран


Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија допрва треба да го финализира планот да му помогне на Иран во збогатување на ураниум . Лавров изјави дека експертите ќе треба да работат на спецификите на договорот. Во изработка на договорот ќе бидат вклучени и САД, Франција, Русија, и Меѓународната агенција за атомска енергија. Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е само за потребите за струја на истражувачки реактор во Техеран.
XS
SM
MD
LG