Достапни линкови

Меѓуетничките односи немаат влијание врз бизнисот


Скопје

Скопје

Меѓуетничките тензии немаат влијание врз бизнисот, велат работодавачите и стопанските комори. Сепак добрите односи помеѓу заедниците во една земја им се особено важни на странските инвеститори, сметаат експертите.

Меѓуетничките тензии немаат влијание врз бизнисот велат работодавачите и стопанските комори. Но, добрите односи помеѓу заедниците во една земја им се особено важни на странските инвеститори сметаат експертите. Бизнисот не познава вакви проблеми вели претседателот на Северозападната комора на Македонија Блерим Златку. Ние не дозволуваме нешта како што беше последниот случај со енциклопедијата да ни се мешаат во работата, додава тој.

,,Нема да има никакво влијание енциклопедијата и двете нации се доволно разумни за да не ја прифатат нелогичната ,,глупост" на Академијата, за таа да преставува проблем за нарушување на бизнис релациите. Омразата што академиците ја ,,фрлија" да ја насадат во Македонија е со поминат рок на траење."
Нема да има никакво влијание енциклопедијата и двете нации се доволно разумни за да не ја прифатат нелогичната ,,глупост" на Академијата, за таа да преставува проблем за нарушување на бизнис релациите


Од Сојузот на стопански комори велат дека нарушените меѓуетнички односи никогаш не се одразиле врз бизнисот. И од Конфедерацијата на работодавачи го тврдат истото. Ние соработуваме со албански компании и сите се фокусирани само на тоа како да заработат вели регионалниот претседател на конфедерацијата Миле Чупетрески.

,,Немаме некои поголеми несогласувања во бизнисот, или пак тоа да влијае врз бизнисот бидејќи секој бизнисмен и секој стопанственик во основа ја гледа својата компанија и нив ги интересираат парите, а не некои изјави на академици или било што. Сепак ние како стопанственици треба да се насочиме кон правење на добра бизнис клима."

Професорот Христо Карталов смета дека доколку внатрешната стабилност на една земја е нарушена, тогаш странските инвеститори нема да бидат заинтересирани да започнат некој бизнис таму.

,,Не само евтините импути, туку и амбиентот. Сигурниот амбиент кој што ќе гарантира дека сопственоста неможе да биде загрозена од било кој односи. Во тој контекст ова подгревање на меѓуетничките односи е наш хендикеп, ние фактички со тоа праќаме сигнал кон светот, односно до потенцијално заинтересираните странски инвеститори дека овде ситуацијата сеуште е ровита ситуацијата."

Но за да се подобри и бизнис климата во Македонија според експертите треба да се решат уште низа проблеми, како што е инфраструктурата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG