Достапни линкови

ПАСОК нема да донесе решение за името?


Лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу

Лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу

Домашните експерти не очекуваат решение за спорот со името, по победата на грчката социјалистичка партијата ПАСОК. Причината за таквото гледиште, како што велат е во меѓупартиската согласност во Грција за надворешната политика.

По победата на грчката социјалистичка партија ПАСОК на парламентарните избори, македонските експерти очекуваат интензивирање на преговорите, но не и решение за спорот со името. Причина за таквото гледиште е како што велат меѓу партиска согласност во Грција за надворешната политика. Eкспертот по меѓународно право Јана Лозановска вели дека може само да сe очекува смирување на топката, но не и набрзо решение на спорот со името.

"Но во секој случај мислам дека страните ќе бидат поконструктивни, затоа што веќе има јасни сигнали и мислам дека при крај на овој циклус имаше и од грчка страна поконструктивни сигнали, така што може да се очекува поконструктивен процес, но тој процес нема да донесе ништо ново.,,
Потребно е реално да се погледнат состојбите, а реалните состојби се дека Македонија многу тешко ќе може да направи компромис со Грција


Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека Македонија и понатаму ќе бара конструктивни начини да се дојде до решение ,но во граница на како што вели „црвените линии“. Лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу на последните митинзи не го спомена спорот за името, па според грчките медиуми тој проблем е многу долу на изборната агенда. Грчките аналитичари велат дека оние неколку споменувања на спорот и поддршката на позицијата за црвената линија на актуелната влада главно биле „предизвикани“ од досегашниот премиер Костас Караманлис, кој името го има многу повисоко на агендата на својата предизборна кампања. Неодамна преговарачот Метју Нимиц ја пофали македонската старна како многу конструктивна. Аналитичарот Денко Малевски вели дека не треба секогаш да им се верува на зборовите на дипломатите.

"Премногу да не се верува во изјавите на дипломати, Нимиц е посредник и оттаму сигурно дека се додека е на таа функција ќе ја фали својата посредничка мисија и ќе неастојува да ги охрабри со вакви оптимистички изјави двете страни. Потребно е реално да се погледнат состојбите, а реалните состојби се дека Македонија многу тешко ќе може да направи компромис со Грција.,,
Се сомневам дека ќе се решат затоа што разликите се дијаметрално спротивни


Експертите се согласни дека не треба да се подгреваат надежите дека ќе има некаква промена на надворешната политика.

,,Се сомневам дека ќе се решат затоа што разликите се дијаметрално спротивни, значи нема некоја точка каде што може да се каже, еве овде може или неможе да отстапиме, така што кон тие три клучни точки имаме спротивини гледишта и Република Македонија од една страна и Грција од друга страна."

Според аналитичарите сега е важно како Македонија ќе одговори на грчките ставови . Грчката надворешна политика на ПАСОК ќе биде иста како на НЕА демократија, можеби со малку пофлексибилни ставовите и поблага реторика од порано велат експертите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG