Достапни линкови

Саркози утре во посета на Казахстан


Францускиот претседател Никола Саркози утре ќе отпатува во посета на Казахстан, во придружба на голема бизнис делегација. Според кабинетот на Саркози, за време на посетата ќе бидат потпишани договори за испорака на нафта и гас, за сателитска технологија, како и договори од областа на одбраната. Се очекува и Казахстан да се согласи француски трупи да транзитираат низ негова територија кон Авганистан.
XS
SM
MD
LG