Достапни линкови

Иран со свое толкување на преговорите со Западот


Нема промена во ставот на Иран во врска со нуклеарната програма и ова прашање не беше покренато на преговорите со 6-те светски сили во Женева, изјави портпарол на иранското министерство за надвоешни работи. Тој додаде дека договорот за инспекција на новата постројка за збогатување ураниум на 25-ти овој месец и состанокот во Виена, закажан за 19-ти октомври, бил постигнат со Меѓународната Агенција за Атомска Енергија. Иран се обидува да претстави дека на разговорите во Женева и за време на посетата на Мухамед Ел Бардеи на Техеран во изминатиот викенд, му било признаено правото да развива нуклеарна технологија за цивилни цели.
XS
SM
MD
LG