Достапни линкови

logo-print

Караманлис го призна поразот и поднесе оставка


Лидерот на Нова демократија Костас Караманлис си поднесе оставка од местото лидер на партијата откако во телефонски разговор со лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу го призна поразот на предвремените парламентарни избори во Грција. Опозициската социјалистичка партија ПАСОК синоќа објави победа над владејачките конзервативци. Ако неофицијалните резултати се потврдат, ПАСОК ќе освои апсолутно мнозинство во парламентот и ќе може самостојно да формира влада. Официјалните резултати се очекува да бидат објавени денеска.
XS
SM
MD
LG