Достапни линкови

Арктикот може да предизвика конфликти меѓу Русија и НАТО


Ресурсите во Арктичкиот круг може да предизвикаат судир помеѓу Русија и НАТО, изјави Врховниот командант за Европа, адмирал Џејмс Ставридис. Според адмиралот, Артикот би можел да биде зона на конфликти, но тој се надева дека до тоа нема да дојде. Освен Русија и четири земји членки на НАТО- Канада, Данска, Норвешка и САД, поднеле барање за користење ресурси од Артикот. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, оваа недела изјави дека климатските промени можe да имаат големи безбедносни импликации.
XS
SM
MD
LG