Достапни линкови

Груевски:Ќе продолжиме со преговрите за името


Независно од тоа кој ќе победи на денешните парламентарни избори во Грција, Македонија ќе бара конструктивни начини за решавање на спорот за името, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Тој рекол дека и Македонија, како и Грција, има црвени линии, свои важни работи, но Македонија ќе продолжи да биде дел од преговрите. Премиерот не можел да каже кога ќе биде следната средба со медијаторот Метју Нимиц, кој по последните разговори во Њујорк најави нивно интензивирање по изборите во Грција.
XS
SM
MD
LG