Достапни линкови

САД повикуваат на глобална акција против иранските банки


Соединетите држави денеска повикаа на глобалана акција против иранските банки, поради нивното „ перење на пари и финансирање на терор“. Американскиот секретар за финансии, Тимоти Гејтнер, во Истамбул , изјавил дека сите држави треба да се приклучат кон Америка и кон нејзините санкци кон иранските банки. Вашингтон се надева дека со санкциите кон Иран, ќе придонесе Техеран да ја запре својата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG