Достапни линкови

Ќе се изгради ли депонија во Североисточниот регион?


Куманово

Куманово

Претставници од Североисточниот регион во континуитет бараат начини за трајно надминување на проблемот со цврст отпад. Најавена е изградба на депонија во следните две години

Изградба на регионална депонија по урнек на европските,а со цел зачувување на чиста и здрава еколошка средина,со тоа и за зачувување на здравјето на луѓето одамна е на дневен ред не само во Општината Куманово,туку и во Крива Паланка,Кратово,Липково и Старо Нагоричино. Затоа претставници од Североисточниот регион во континуитет бараат начини за трајно надминување на
Ова е добар почеток за во наредниот период од две години да направиме студија и комплетна техничка документација.Наредните две години пак треба да започне изградба на депонијата
проблемот со цврст отпад. Можеби е проблем изградба на депонија, но по повеќекратни протести на населението од неколку пчињски кумановски села, кое не ја прифаќа локацијата во нивниот реон, како проблем се наметна и изнаоѓање на соодветна локација. Затоа во Куманово неодамна претставници од североисточните општини ги разгледуваа можностите за најдобро и најосодветно решение.

„Ова е добар почеток за во наредниот период од две години да направиме студија и комплетна техничка документација.Наредните две години пак треба да започне изградба на депонијата,“

вели Миле Јакимовски. За изнаоѓање локација тој додава:

„Има неколку алтернативни локации кои ќе бидат утврдени со физибилити студија.Пчиња не беше добра за граѓаните не само на Куманово,туку и за месното население. Сега решението ќе биде локација на средина на сите општини од овој регион,за сите да имаат еднаков пристап.“

Доколку се ипречи некој проблем,Јакимовски напоменува:

„Доколку не изнајдеме локација до 2019 година граѓаните ќе имаат повисоки цени на услугите, бидејќи законски ќе бидат забранети општинските депонии.“

Елизабет Фунсуле претставник на Француската национална агенција и управување со животната средина вели дека е задоволна од разговорот на претставниците од овој регион.

„Мислам дека луѓето сфаќаат колку тешко се работи за да ги постигнат барањата од ЕУ.Луѓето добро знаат што значи заштита на животната средина за здравјето на луѓето, а изградба на регионална депонија е долга и тешка работа.“

вели Елизабет Фунсуле.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG