Достапни линкови

Со камери против битолските вандали


Битола

Битола

Искршени клупи, канделабри, канти за одпад, вулгарни натписи по графитните плочки е само дел од сликата на битолското шеталиште. Локалната власт најавува борба со вандалите преку скриени камери

Темница во вечерните часови, искршени клупи, канделабри, канти за одпад, вулгарни натписи по графитните плочки. Вака изгледа битолското шеталиште во чие реновирање локалната самоуправа пред две години вложи голема сума пари. Оваа пешачка зона која во
Ќе го засилиме делот на чување на нашата урбана опрема. Иако многу ни забележуваа и ни велеа дека не е коректно да го направиме ќе поставиме видео камери во секој случај на секој простор од градското шеталиште и секаде онаму каде имаме урбана опрема. Ќе оставиме на стручните луѓе да кажат каде ќе се постават тие мини камери, кои ќе бидат невидливи за голо око, а кои ќе имаат за цел да ги држат под будно око сите места каде имаме урбана опрема
текот на денот има голема фреквенција на шетачи рекретивци, во вечерните часови е мета на хулигани кои ја уништуваат урбаната опрема. Граѓаните бараат итна и ефикасна реакција од надлежните за спречување на вандализмот посебно откако од стилизираните канделебри во стар стил останаа само неколку.

„Треба да има казни, треба да има закон за да се среди овој неред, да се стават стражари.“
„Невоспитувањето на децата најверојатно на тоа се должи.“
„Односот ни е на едно ниско ниво. Нешто мора под итно да се преземе илои од градоначалникот или од другите служби. Ова што се направи со светилските е многу лоша работа. Ние постарите навечер одевме шетамвме, сега не можеме да прошетаме Страв да му е на човек да они не знам зошто свака се остави. Хаотична е состојбата.“
„Ова е современ вандализам. Претежно малдите луѓе го прават ова и затоа треба под итно да се спречи.“

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, признава дека скоро сите канделабрите кои биле донација се уништени. Полицијата во неколку наврати интевенирала, уапсила неколку групи но тоа очигледно не е доволно. Не помогнале ни чуварските служби. Сега во тек е тендер за фирма која ќе изработи нови канделебри од бентонски материјал кои нема да биде лесно да ги соборат хулиганите. Но, вадалите ќе се ловат и со скриени видео камери.

„Ќе го засилиме делот на чување на нашата урбана опрема. Иако многу ни забележуваа и ни велеа дека не е коректно да го направиме ќе поставиме видео камери во секој случај на секој простор од градското шеталиште и секаде онаму каде имаме урбана опрема. Ќе оставиме на стручните луѓе да кажат каде ќе се постават тие мини камери, кои ќе бидат невидливи за голо око, а кои ќе имаат за цел да ги држат под будно око сите места каде имаме урбана опрема“

вели Талески.

Градското шеталиште е само дел од рекреативните површини низ градот чиј лик се нагрдува од страна на непознати сторители.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG