Достапни линкови

Берлускони стравува дека бројот на мртви во Сицилија може да се зголеми


Бројот на загинати при лизгање на земјиштето во Сицилија, може да се зголеми, изјавил италијанскиот премиер Силвио Берлускони. До сега е потврдено дека при вчерашното лизгање на земјиштето, најмалку 20 луѓе загинале, 80 се повредени, а 40 и понатаму се сметаа за исчезнати. Спасувачките екипи трагаат по преживеани, но дождот ја отежнува потрагата . Ова лизгање на земјиштето е причинето од неконтролирано сечење на шумите и непланската градба, соопштуваат тамошните власти.


XS
SM
MD
LG