Достапни линкови

Дипломатите го поздравуваат референдум во Ирска


Неoфицијалните резултати од ирскиот референдум за Лисабонскиот договор на ЕУ, покажуваат дека гласачите ja одобруват мерката. Ирскиот министерот за надворешни работи Мајкл Мартин изјави денеска дека очекува референдум за Лисабонскиот договор да резултира со "убедлива победа" . Конечните резултати се очекуваат подоцна денеска. Македонското министерство за надворешни работи го поздрави исходот од референдумот во Ирска. Македонија се надева дека набрзо ќе заврши процесот на ратификација на договорот , со што ќе се створи позитивна клима за продолжување на процесот за проширување на ЕУ, се вели во соопштението на македонското МНР.

XS
SM
MD
LG