Достапни линкови

В недела, парламентарни избори во Грција


На изборите што в недела ќе се одржат во Грција околу 4 илјади кандидати од 23 партии ќе се борат за 300 места во парламентот. Според последните анкети, опозициониот ПАСОК на чие чело е Јоргос Папандреу води пред конзервативната Неа Демократија на премиерот Костас Караманлис, Грчката комунистичка партија, ултрадесничарскиот ЛАОС и левичарската коалиција СИРИЗА. Пратеничкиот мандат во Грција трае четири години, но владејачката партија може да распише предвремени избори.
XS
SM
MD
LG