Достапни линкови

Турција го одбива барањето на ЕУ да се отвори за Кипар


Шефот на турската дипломатијата Ахмет Давутоглу го одби барањето на Европската Унија, Турција да ги отвори пристаништата и аеродромите за Кипар. Давутоглу денеска во Брисел изјави дека тоа зависи од решавањето на кипарското прашање, а се додека не биде постигнат договор со турскиот дел, Турција нема да го признае грчкиот дел на Кипар. Европската Унија и даде рок на Турција до крајот на оваа година да ги отвори границите и за Кипар.
XS
SM
MD
LG