Достапни линкови

Во Чешка сеуште спорен Лисабонскиот Договор


Претседателот на Чешка Вацлав Клаус денеска изјави дека и да сака, не смее да ја потпише ратификацијата на Лисабонскиот Договор, бидејки е оспорен пред чешкиот Уставен Суд. Група конзервативни сенатори поднесоа жалба до Уставниот Суд на Лисабонскиот Договор, но и на претходните врз кои е заснована Европската Унија, како и на отстапките во корист на Ирска. Ако референдумот во Ирска денеска биде позитивен, Чешка ќе биде единствената земја која не се знае дали и кога ќе го прифати Лисабонскиот договор, бидејки полскиот претседатен најави дека тоа ќе го стори во наредната недела.
XS
SM
MD
LG