Достапни линкови

Меѓутнички односи - „џокер“ во ракавот на политичарите


Последната лидерска средба

Последната лидерска средба

Според аналитичарите политичарите сеуште го користат етноцентризмот за добивање гласови и имаат „џокер“ во ракавот за одвлекување на вниманието кога нивните активности нема да одат во добар правец.

Независно од тоа како Академијата на науките понатаму ќе се справи со последиците од бурните реакции што ги предизвика енциклопедијата во јавноста, одлуката да се запре нејзината понатамошна дистрибуција и да се исправат спорните одредн
Во секој случај видовме дека недовербата постои и дека таа ќе тлее се додека работите што ги оптеретуваат меѓуетничките односи во Македонија не се апсолвираат и не се решат еднаш засекогаш
ици во енциклопедија ги запре барем засега се понепријатните меѓуетнички пораки кои заличија и на искра со постојан потенцијал да го активира меѓуетничкиот оган.

„Во секој случај видовме дека недовербата постои и дека таа ќе тлее се додека работите што ги оптеретуваат меѓуетничките односи во Македонија не се апсолвираат и не се решат еднаш засекогаш,“

изјави аналитичарот Албер Муслиу според кого сепак меѓетничките односи во земјава биле пред поголеми искушенија кои ги надминале така што последиците нема да паднат врз нив туку повеќе врз Академијата. Политикологот Марија Ристевска е изненадена од излегувањето на целата дебата надвор од научните кругово и тој пропуст му го припишува на незрелото македонско општество и уште повеќе на политичарите кои како што вели сеуште водат политика на етноцентризам.

„Којашто до сега во последниве 18 години им носеше гласови и за којшто етноцентризам сметам дека на Македонија нема да и одговара како земја членка на ЕУ и како се приближуваме кон ЕУ би требало да го напуштаме.“
Кога нивните активности нема да им одат во добар правец, ќе имаат кец во ракавот за да го одвлечат вниманието на меѓуетнички прашања


Овде Ристевска не прави разлика меѓу политичарите од тн македонски и албански политички блок. Во истиот контекст Муслиу додава и дека целиот настан околу енциклопедијата само покажал дека политичарите во земјава имаа резервен кец во ракавот со прашања од областа на меѓуетничките односи.

„Кога нивните активности нема да им одат во добар правец, ќе имаат кец во ракавот за да го одвлечат вниманието на меѓуетнички прашања.“

вели Муслиу кој наместо тоа очекува македонското општество и особено политиката да го префрлат фокусот на прашања коишто се во интерес на сите граѓани на Македонија-развојот, економијата, евроинтеграциите, па оттука и целиот настан околу енциклопедијата како што додава Ристеска ги разочара сите оние коишто очекуваат европска перспектива за Македонија.
XS
SM
MD
LG