Достапни линкови

Обама пристигна во Копенхаген


Американскиот претседателот Барак Обама пристигна во Копенхаген за да ја поддржи кандидатурата на Чикаго да биде домаќин на Олимписките игри во 2016 година. Обама е првиот американски претседател кој ќе се обрати пред Меѓународниот олимписки комитет. Обама е роден на Хаваи, но го прифати Чикаго за свој роден град. Главни конкуренти на Чикаго му се Токио, Мадрид и Рио де Жанеиро. Во Копенхаген се и јапонскиот премиер Јукио Хатајама, кралот на Шпанија Хуан Карлос и бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва.
XS
SM
MD
LG