Достапни линкови

logo-print

Лисабонскиот договор на тест во Ирска


Ирците денеска по втор пат ќе се изјаснуваат на референдум за лисабонскиот договор, а анкетите навестуваат дека мнозинството овојпат ќе го поддржи договорот за реформи на институциите на Европската Унија. Гласачките места се отворени од 7 до 22 часот по локално време, а резултатите од изјаснувањето се очекуваат утре. Најновите испитувања покажуваат дека за усвојување на Договорот од Лисабон во Ирска сега би можело да гласаат меѓу 48 и 55 отсто од гласачите, додека против би се изјасниле од 27 до 33 отсто. На првиот референдум во 2008-та Ирците го отфрлија лисабонскиот договор, кога против се изјаснија 53,4 проценти од граѓаните.
XS
SM
MD
LG