Достапни линкови

Отворена сезоната на Македонската филхармонија


Со настапот на светски познатиот диригент, маестро Урош Лајовиц и турската пијанистка Ѓулсен Онај како солистка, синоќа во 20 часот почна концертната сезона 2009/2010 на Македонската филхармонија. Со балетот „Лабин и Дојрана“ Македонската филхармонија ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на македонскиот композитор Трајко Прокопиев. Во текот на целата сезона ќе бидат изведени дела кои одамна ги нема на репертоарот на Македонската филхармонија, композиции кои првпат ќе бидат изведени, но и композиции кои се дел од стандардниот репертоар на оркестарот.
XS
SM
MD
LG