Достапни линкови

Прогноза за времето денеска- почнуваат дождовите


Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, прво во западните делови од земјата, каде што е можна ретка појава на грмежи. Врнежите попладне ќе се прошират и во источниот дел и ќе го зголемуваат својот интензитет, така што кон крајот на денот и вечерта на места врнежите ќе бидат и поинтензивни. Утринската температура се движи од четири до 12, а дневната ќе биде од 20 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд попладне и во вечерните часови. Утринската температура се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 26 степени.
XS
SM
MD
LG