Достапни линкови

Ахмети ја поздрави одлуката на МАНУ за корекција на Енциклопедијата


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска ја поздрави последната одлука на МАНУ за корекција на спорните делови на „Македонската енциклопедија“. Тој рече дека оваа одлука на МАНУ е резултат на сите, почнувајќи од интелектуалците, па до политичките партии.
- Сметам дека тоа што веќе се случи со синоќешното соопштение на МАНУ е голем придонес не само за намалување на тензиите, туку е и голема придобивка за државата. Во земјава да владее мир, проблемите да се решат на вистински начин и да се рефлектира вистината во идната исправена енциклопедија со учеството на албанските академици и интелектуалци. Да се најде заедничкит јазик меѓу луѓето од науката и културата, независно од која етничка заедница доаѓаат, изјави Ахмети за АЛСАТ.
XS
SM
MD
LG