Достапни линкови

Црвен тепих за граѓаните


Зграда на Владата на Република Македонија

Зграда на Владата на Република Македонија

Денеска Владата уште еднаш ги отвори вратите за граѓаните. За време на обиколката на зградата тие имаа можност да ја видат салата за билатерални средби, генералниот секретаријат и дебатната сала, но и да ги посетат кабинетите на потпретседателите на Владата и да се поздрават со нив

Владата уште еднаш посла црвен тепих и ги отвори вратите за оние граѓани кои сакаат да се запознаат со нејзината работа, начинот на функционирање и организација, како и со спроведувањето на владината политика. За време на обиколката на зградата граѓаните имаа можност да ја видат салата за билатерални средби, генералниот секретаријат и дебатната сала, но и да ги посетат кабинетите на
Видете, значи во принцип тие се запознаваат со начинот на работа, на функционирање на одделните сектори внатре во Владата.
потпретседателите на Владата и да се поздрават со нив. Сепак посетителите најмногу можноста ја искористија да постават некое прашање или пак да се пожалат. Имаше и такви кои дошле само од љубопитност, да видат како изгледа Владата одвнатре.

„Едноставно, дојдов да видам, нешто ако имав некои прашања, да ми се разјаснат некои работи.“
„Дојдов со позитивна мисла да се запознаам со зградата, со работата.“

Секој бараше одговор за она што го најмногу го интересира. Најчесто тоа беа теми од областа на економијата, земјоделството и меѓуетничките односи.

„Мене ме интересираше за Рамковниот договор. Бидејќи јас живеам во општина Чаир.“
„Баравме за земјоделието, да копаме оздола, затоа што ние сме од земја никнати и во земја ќе одиме“

Досега генерално посетителите покажуваат интерес и се позитивно настроени да ја посетат Владата и да се сретнат со функционерите вели портпаролот на Владата Мартин Мартиновски.

„Видете, значи во принцип тие се запознаваат со начинот на работа, на функционирање на одделните сектори внатре во Владата.“

Граѓаните се надеваат дека нивните идеи, предлози и прашања ќе бидат забележани и разгледани од страна на Владата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG