Достапни линкови

Невработеноста во евро-зоната 9,6 насто


Невработеноста во 16-те држави од евро зоната достигна 9,6 насто, што е највисока стапка во последните 10 години, соопшти европското биро за статистика. Во август, околу 15 милиони луѓе во евро-зоната барале работа, или за 165 илјади повеќе од јули. Предвидувањата се дека таквиот тренд ќе продолжи и покрај знаците за економско заздравување. Најтешко е погодена Шпанија, каде што стапката на невработеност достигната 18,9 насто.
XS
SM
MD
LG