Достапни линкови

Македонски и турски војници во заедничка мисија во Кабул


Од почетокот на наредната година, македонски и турски војници заеднички ќе ја обезбедуваат регионалната команда на сојузничките сили во авганистанскиот главен град Кабул. Ова било договорено на денешната средба во Анкара на македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски со неговиот турски колега Веџди Ѓонул, јави МИА. Двајцата министри разговарале и за продолжување на меѓусебната воена соработка, како и за аспирациите на Македонија за зачленување во НАТО.
XS
SM
MD
LG