Достапни линкови

Масовна воена парада во Пекинг


Кина денеска ја одбележа 60 годишнината од комунистичкото владеење со масовна воена парада и марш на околу 100 илјади војници и цивили. Кинеската армија ги презентира своите најнови воени достигнувања, вклучувајки ги и нуклеарните интер-континентални балистички проектили, тенкови и хеликоптери. Кинескиот претседател Ху Џинтао во говорот на плоштадот Тијананмен во Пекинг, истакна дека Комунистичката Партија ќе продолжи да ја води земјата на патот на социјализмот со кинески карактеристики и ќе ја промовира стабилноста и единството во земјата.
XS
SM
MD
LG